Hа бизнисмените им олесни за задолжницата

Bez autora
Jan 04 2015

Бизнисмените, откако во последниов период, особено кон крајот на минатата година интензивно преговараа со Владата за враќање на задолжницата само на ниво на доброволен инструмент, сега ја поздравуваат нејзината одлука таа да не биде задолжителна и да не мора да се применува за секоја зделка над 5.000 евра. Тоа за нив е одлично решение, како и пример за јавно-приватен дијалог меѓу државата и компаниите. Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, многу е битно и тоа што зад предлогот да не се воведува ваквата мерка, односно задолжителна задолжница, застанале сите комори. Тоа покажува дека проблемите се еднакви за сите, без разлика какво е организирањето. „Во случајов се важни две работи. Првата, дека ова е вистински пример за јавно-приватен дијалог, и втората, дека целата бизнис-заедница, сите комори, застанаа зад предлогот и ги бранеа аргументите пред Владата, што е добар патоказ како треба да продолжиме“, изјави Азески.

Бизнисмените, откако во последниов период, особено кон крајот на минатата година интензивно преговараа со Владата за враќање на задолжницата само на ниво на доброволен инструмент, сега ја поздравуваат нејзината одлука таа да не биде задолжителна и да не мора да се применува за секоја зделка над 5.000 евра. Тоа за нив е одлично решение, како и пример за јавно-приватен дијалог меѓу државата и компаниите. 

Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, многу е битно и тоа што зад предлогот да не се воведува ваквата мерка, односно задолжителна задолжница, застанале сите комори. Тоа покажува дека проблемите се еднакви за сите, без разлика какво е организирањето. „Во случајов се важни две работи. Првата, дека ова е вистински пример за јавно-приватен дијалог, и втората, дека целата бизнис-заедница, сите комори, застанаа зад предлогот и ги бранеа аргументите пред Владата, што е добар патоказ како треба да продолжиме“, изјави Азески.

Претседателот на Стопанската комора нагласи дека за сите решенија, јавно-приватниот дијалог мора да се искачи на највисок пиедестал.

„Врз основа на нашите анализи кај компаниите се констатира дека задолжителната задолжница би предизвикала големи тешкотии и од технички и од аспект на нејзиното спроведување. Затоа почнавме разговори со Владата, кои успешно завршија, и тоа е најдоброто решение, зашто Законот за финансиска дисциплина го апсолвираше тоа прашање“, нагласи Азески. Стопанската комора на секои шест месеци ќе прави анализи кај компаниите за да увиди како се одразува Законот за финансиска дисциплина врз нивното работење, и дали евентуално ќе предизвика какви било проблеми. „Сметаме дека функционирањето на тој закон е многу значајно, како што беше решението за данокот на додадена вредност пред 10 - 15 години. Затоа е неопходно да се прават анализи. Првата не покажа сериозни проблеми, но повторно ќе направиме во јуни годинава за да видиме како се одвиваат работите“, рече претседателот на Стопанската комора.

Одлуката на Владата ја поздрави и Сојузот на стопанските комори. 

„До Владата доставивме аргументирано барање задолжницата како механизам за обезбедување на побарувањата на доверителите да биде доброволна, а не задолжителна. Задоволни сме што на нашето барање позитивно беше одговорено и задолжницата ќе се издава само на барање на доверителот“, изјавила за МИА претседателката на ССК, Данела Арсовска.

И таа смета дека ефикасноста на наплатата е осигурана со примената на Законот за финансиска дисциплина.

Задолжницата првпат беше воведена пред неколку години, но со измени на Законот за задолжница што Владата ги донесе на почетокот на минатата година, таа предвиде овој инструмент да биде задолжителен за сите зделки над 300.000 денари, односно над 5.000 евра, што требаше да почне да важи од стартот на оваа година. Но, по многубројните реакции од бизнисот, како и серија интензивни разговори меѓу Владата и двете најголеми комори, прво се одложи за три месеци, а потоа, на крајот на минатата година донесе одлука таа да не биде обврзна туку да продолжи да важи на доброволна основа. Според стопанствениците, овој инструмент е добар начин на наплата, но само ако се применува на доброволна, а не на задолжителна основа што би ги изложило компаниите на серија дополнителни трошоци. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik